Меџити се надева дека дивоградбите во Чаир нема да биле „голема“ предизборна тема
Првиот вицепремиер Изет Меџити смета дека дивоградбите во Чаир нема да бидат голема тема на претстојните локални избори.
Изет Меџити, Бујар Османи
Тој како кандидат за градоначалник на Чаир му порача на противкандидатот од Европскиот фронт и екссопартиец Бујар Османи дека тој има најмалку морално право да зборува за дивоградби бидејќи и самиот како функционер изградил дивоградба во Чаир, која потоа била легализирана.
-Добро е Бујар Османи пред да зборува за дивоградби да каже дека живее во дивоградба. Куќата која е изградена од него, е изградена како дивоградба и е легализирана. Тој најмалку има морално право да зборува за тоа. И да е легализирана сега ,куќата беше изградена како дивоградба. Тој цело време беше министер, беше на неколку функции, има легализирана дивоградба, а сега зборува за дивоградбите на обичните граѓани, на социјалните случаи кои немаат други можности – вели Меџити.
Тој не смета дека дивоградбите во Чаир ќе бидат голема тема во изборната кампања и како што вели, ќе има мораториум за дивоградбите.
-Потенцирам ако некој најмногу нема право да зборува за дивоградбите тоа е Бујар Османи – рече Меџити.
За информациите дека не живее во Чаир, туку во Бутел и дека тоа е пречка да се кандидира за градоначалник на Чаир, Меџити рече дека кога ќе почне кампањата ќе одговори.
-Роден сум и сите овие години живеам во Чаир – рече Меџити, иако во медиумите пред десетина денови излезе доказ- неговата адреса на живеење од избрнио список на државната комисија дека тМеџити живее на адреса во општината Бутел. Според тој доказ Меџити законски нема право да се кандидира за градоначалник на Чаир. Законот вели дека еден од условите за кандидирање за градоначалник е да живее во таа општина најмалку три години пред кандидатурата. Меџити согласно избирачкиот список на државната изборна комисија тој услов го нема,напротив може да се кандидира но во Бутел,општината во која што живее.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити се надева дека дивоградбите во Чаир…
Првиот вицепремиер Изет Меџити смета дека дивоградбите…
Жената го прободе сопругот, а тој претходно…
На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип,…
Орбан: Потребен е итен самит на Русија…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
За малку избегната голема трагедија на скопскиот…
Инфомакс дознава дека за малку била спречена…
(Видео) Еди Рама посака добро утро со…
ДОБРО УТРО со ослободувањето на јавните простори…