МЗ: Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на две лица кои се лекуваат во Солун

t

Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ „8 Септември“ и четири во приватните болници.

На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. За денеска нема најава за враќање други пациенти од странство.

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата од вчера е непроменета.

Министерството за здравство, велат оттаму, и натаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗ: Нема промена во бројот на хоспитализирани…

Министерството за здравство информира дека од вчера…

(Фото) Османи во посета на семејството на…

Бујар Османи, потпреседател на ДУИ, сподели емотивна…

Илјадници муслимани на денот на молитвата изразија…

Во петокот, денот на молитвата, неколку дена…

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија, поднесов…

Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ,…