МЗ: Состојбата на критичните пациенти е непроменета, наредните денови следуваат нови исписи

Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување.
„Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.
Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски”, двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во ,,Систина”.
Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти“, велат од министерството за здравство во соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МЗ: Состојбата на критичните пациенти е непроменета,…
Во моментот во медицинските центри надвор од…
(Видео) Снег вее низ Македонија
Од утрово снежни врнежи се бележат на…
Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е…
Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е…
Четворица повредени откако „БМВ“ излета на автопатот…
Вчера на автопатот Скопје-Тетово, во близина на…
Каде ни оди општеството: Поведена постапка против…
Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за…