„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

t

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.

Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три шишенца. Според нејзиниот исказ, Васев ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.

Таа објасни дека лекот бил аплициран во дневната амбуланта во присуство на медицинските сестри, но отсуството на запис за терапијата ја натерало подоцна, кога разговарала со семејството, да се прашува зошто постапката не била спроведена како при сите претходни циклуси.

„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписите што ги дава и матичниот онколог и директорот. Не ми побараа пари, не ми беше сугерирано ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, рече таа.

Пациентката истакна дека сама се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, бидејќи сметала дека има граѓанска должност да го каже она што го доживеала.

Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан не се случил и побара обвинителството да се држи до „финансиските аспекти“ на обвинението, а не да навлегува во медицински процедури. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Користењето на замрзнатите руски средства ќе…

Доколку Европската Унија одлучи да ги користи…

„Ми даде лек што не постоеше во…

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за…

Коцевски: Приведени десетина лица од УЈП, се…

Во рамки на предистражна постапка што се…

Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69)…

Косово оди на вонредни избори по пропаднатиот…

Косово повторно влегува во изборен циклус: по…