Микробиологот Пановски предупредува: Во Гостивар има епидемија, епидемиолози, каде сте?
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени.
Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош.
„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30 проценти од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Епа браво“, напиша Пановски.
Тој ги повика епидемиолозите да реагираат, нагласувајќи дека станува збор за професионална, а не политичка обврска.
„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, порача Пановски.
Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со истрагата за причините за масовните стомачни тегоби во Гостивар. Сè уште се чекаат конечните лабораториски анализи кои треба да покажат дали причината е поврзана со водата за пиење или со друг извор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Микробиологот Пановски предупредува: Во Гостивар има епидемија,…
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар…
Два автобуси се судрија во јужна Чешка,…
Четириесет лица се повредени од кои девет…
Париз од 2027 година ќе го удвои…
Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување…
Владата бара шест години за да ги…
Владата побарала од УНЕСКО рок од шест…
Османи се налути и за билбордот на…
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше…