Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестациајта „10 дена Крушевска Република“
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, денеска ја пречека конањицата пред Столбот на Крушевската Република во рамки во манифестација „10 дена Крушевска Република“.
„По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја“,соопштија вечерва од собраниската прес-служба.
Делегацијата, во состав на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеникот Петар Ристески и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, положи цвеќе и на гробот на Питу Гули пред споменикот на Партизанските гробишта, на гробот на Тоше Проески, пред Криптата на илинденските востаници и пред бистата на Веле Марков.
Вечерва во Крушево започнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република 2026“, со која се одбележуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на…
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, денеска ја…
Израел во највисока борбена готовност поради страв…
Израелските власти проценуваат дека Иран би можел…
Анкета: Во случај на војна, повеќето Полјаци…
Во случај на закана од војна, мнозинството…
Пукна гума на авион во Сплит, аеродромот…
Аеродромот во Сплит повторно е отворен за…
Пезешкијан: Иднината на Иран ќе ја обликува…
Иднината на Иран ќе ја обликува народот…