Министерот Алиу се сретна со д-р Кедев: Сите што имаат каква било информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

t

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, извести Министерството.

dobivaj vesti na viber

Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции во „Мој термин“.

„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите фактори и ги повикуваме сите засегнати страни, кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, да се обратат веднаш до Министерството. Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот“, соопшти Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Алиу се сретна со д-р Кедев:…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари…

АНБ се поднови со клима уреди за…

Агенцијата за национална безбедност се поднови со…

Силјановска-Давкова: Зошто вестите да не започнуваат со…

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во интервју за Македонската…

Една компанија доби тендер од 715 ИЛЈАДИ…

Компанијата „Слобода бус превоз ДООЕЛ Скопје“ доби…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава…