Министерството за култура ги остави вработените во Зоолошка без плата: Велигден го поминавме без плата, Први мај го поминавме без плата…Да сфатат дека сме без пари
Вработените од Зоолошката градина СКопје денеска излегоа на протест поради тоа што не земале плата за месец март.
Како што велат, немаат ниту здравствено осигурување.
„Излегоа шпекулации дека платата била заглавена поради Град Скопје. Не обвинуваме никого туку бараме само плата. Не знаеме зошто не не исплати Министерството за култура. Дел земале плата, а останавме само ние под локална власт. Вработени се скоро 50 лица во Зоолошката градина. Од Министерството конктатирале со сметководството во Зоолошка, нашиве пратиле некој одговор и толку е. Се се штури информации. Ова е првпат“, кажа Миле Танески, претседател на Синдикална организација при Зоолошката градина-Скопје.
Тие велат дека и лани имале сличен случај, но било пократко.
Апелираат наоѓање на решение бидејќи се без пари, за да не дојде до поголеми штрајкови.
„Велигден го поминавме без плата, Први мај го поминавме без плата…Да сфатат дека сме без пари. Ова е многу“, додаде вработениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…