Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

t

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на минималната плата.

Според Миноски, во актуелниот трипартитен дијалог помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите, недостига сеопфатна анализа за нето-ефектите од покачувањето на минималецот. Тој нагласи дека секоја ваква политика мора да ги земе предвид клучните економски параметри: продуктивноста на трудот, вработеноста, инфлацијата и растот на БДП.

Миноски откри податоци од анализа во која самиот учествувал, а која нуди конкретни бројки за тоа што би значело зголемување на минималната плата на ниво од 600 евра: околу 230.000 вработени директно би биле засегнати од оваа мерка, а вкупниот трошок за нивелирање на платите би изнесувал околу 700 милиони евра. Од овие средства, 300 милиони евра веднаш би се вратиле во државната каса преку придонеси за социјално осигурување и персонален данок.

„Овие симулации покажуваат дека таквото зголемување би придонело за раст на бруто домашниот производ (БДП) и на вработеноста во одредени сектори, како што е услужниот сектор, со незначително влијание врз инфлацијата,“ истакна Миноски.

Екс-министерот смета дека е неопходно Економско-социјалниот совет, како тело што ги обединува сите социјални партнери, да нарача официјална експертска анализа. Целта е дијалогот да се води со релевантни податоци, што би го олеснило процесот на донесување одржливи одлуки за македонската економија и за стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600…

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во…

„Членство во ЕУ без право на глас“…

Поранешниот амбасадор Андреј Жерновски преку објава на…

ЕСМ ги нарече „груби и тенденциозни шпекулации“…

АД ЕСМ најостро ги отфрла, како што…

Роаминг како дома: Македонија чекор поблиску до…

Македонските граѓани би можеле во иднина да…

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот…

Мораме да најдеме решение на предизвикот со…