Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата преку АД ЕСМ да го финансира и гради проектот Чебрен и Галиште
Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали Чебрен и Галиште, и според досега информациите, тие обиди се успешни, откри претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за поткастот „Каде се парите со Горан Теменугов“.
„Сè уште немаме потврда, сè уште немаме почеток на реализацијата на овој проект, но многу сме блиску до носење одлука државата преку ЕСМ да го финансира и го реализира овој проект. Тоа е важно не само за државата туку и за регионот, имајќи ги предвид климатските промени. Убеден сум дека во годините, децениите коишто следат на регионот, а посебно на Македонија ни се потребни нови два резервоари за вода. Бошков Мост од оправдани причини, Луково Поле не се изградија, единственото нешто коешто во моментот има потенцијал, а има прилично голема издашност и добра хидрологија таа река Црна, е оваа каскада Чебрен и Галиште. И тоа со можност за реверзибилност да биде Чебрен, но тоа сè уште се анализира како техничко решение од страна на луѓето коишто се вклучени во проектот“, сподели Мицкоски којшто покрај за вода за пиење, стратешкото значење на овие два потенцијални резервоари со вода посочи дека се потребни и за наводнувањето на овој фармерски регион во Македонија, а дури потоа, но не како помалку важна е можноста и да туристички се развива регионот.
„И дури потоа јас би зборувал за производство на електрична енергија, но повеќе јас овие резервоари ги гледам како своевидни батерии односно акумулации коишто можат да акумулираат и практично да го нивелираат пикот односно конзумот, производството и потрошувачката на електрична регистрација. Ова е проект којшто носи додадена вредност во македонската економија, затоа што се финансира, и нашата желба е да се финансира, со средства надвор, со грејс периодот еднаков на периодот на градба од 8 до 10 години и сè би можело да биде, што се вели, домашна компонента, да имаат додадена вредност“, објасни Мицкоски.
Разликата зошто би се одело со финансирање преку ЕСМ, а не преку домашно финансирање, од буџет, но со кредитно задолжување, премиерот со одговор: Така влегува во дефицит.
„Ако се оди преку АД ЕСМ, не влегува во дефицит. Различно е. Ова е проект со висока стапка на поврат и со висока нетирана сегашна вредност. А како второ, нашата амбиција е да бидеме крстосница на двата коридори со сета придружна инфраструктура, проектот за пругата којашто треба да се изгради на коридорот 10 и западното крило на пругата од коридорот 8. Тоа се средства коишто за разлика од АД ЕСМ или ЈП за државни патишта, Македонски Железници Инфраструктура или Транспорт, многу тешко би можело да ги финансира. И тогаш ние тие два проекта ќе мораме да ги изработиме преку Министерството за транспорт и тогаш тоа ќе влезе во буџетскиот дефицит. Така што во еден момент, во следниве 10 години ќе се појават проекти во вредност од десетина милијарди евра, дел приватна иницијатива, дел државна иницијатива“, објасни премиерот Мицкоски.
Во однос на капацитетот на државата за такви проекти, од аспект на градежништво, но и за аспектот од машинскиот момент за хидроцентралите, Мицкоски посочи дека веднаш по враќањето од Самитот во Тиват, започнал средби со македонските градежници. На овие средби се разговара за капацитетот, што е она што може да се сработи дома, а што треба да се бара од надвор, за да се види можноста колку од парите би останале во македонската економија со ангажирање на сиот капацитет. Вистинско проектно решение е кога ние ќе успееме да ги оптимираме сите овие трошоци и сите тие трошоци да ги направиме тука дома, колку повеќе ги направиме дома толку е подобро, нагласува Мицкоски.
„Почнав состаноци со македонските градежни компании за да ги претставам амбициите на државата и планот и да се погледнеме во очи да знаеме што можеме дома да направиме, што е тоа што ќе мораме да го бараме надвор. Ако влеземе во аранжман да се задолжиме ние мораме што побргу да го завршиме тој проект за да профитираме односно да приходуваме за да можеме да го враќаме долгот. Моментално не е толкав капацитетот колку што е потребата и колку што е нашата амбиција, годишно просечно по една милијарда евра, но се договоривме да имаме раст отприлика на 25 или 30% на годишно ниво, што во одреден период ќе ни овозможи да дојдеме на половина од тоа што е нашата амбиција. Другата половина ќе мора да бараме од градежни компании од надвор“, сподели Мицкоски во интервјуто.
Во однос на машинскиот дел за хидроцентралите, за тоа од каде ќе се набави, Мицкоски посочи дека за тоа ќе се распише тендер којшто ќе се организира заедно со потенцијалниот синдикат на заемодаватели, за коишто посочи дека станува збор за реномирани компании, банки и големи финансиски институции.
„Доколку биде сè како што треба, ние планираме на принципот на „Јелоу Фидик“ да ја почнеме постапката, очекувам првите контури посериозни да се појават во интервалот 2035/37 година“, откри Мицкоски во интервју за поткастот „Каде се парите со Горан Теменугов“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата…
Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика,…
Зеленски: „Ако гори Украина, ќе гори и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев…
Уапсен е скопјанец – се обиде да…
МВР информира дека вчера попладне во 15:20…
Миноски: Без структурни реформи нема одржлив економски…
Поранешниот министер за финансии, повикувајќи се на…
Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите…
Се подготвуваат законски измени за регулирање на…