Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството
Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството.
Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.
– Advertisements –
Тој оцени дека Владата затекнала лоша состојба во здравството, со многубројни долгогодишни проблеми, погрешни политики и обврски, кои претставувале дополнителен товар за јавните здравствени установи, особено Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
– Работиме на решавање на проблеми што со децении останале нерешени. Знам колку вложуваат министерот за здравство и директорот на Фондот и уверен сум дека значителен дел од предизвиците веќе се решаваат – рече премиерот.
Мицкоски укажа и на случаи на злоупотреби при пријавување дежурства, каде што поединци, како што рече, прикажувале непрекината работа и примале над 10.000 евра месечно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Во април следува зголемување на платите…
Во април платите на здравствените работници ќе…
Мицкоски: За две години вработените во државните…
На денешната седница на Собранието посветена на…
ДУИ бара мерки за заштита на животниот…
Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази…
Русија обучувала Срби и Босанци за саботажи…
Русија постави мрежа од кампови за обука…
Мицкоски “лично очекува” Савески да расчисти како…
Новиот јавен обвинител Ненад Савески да ги…