Мицкоски: Во Брисел постои сценарио според кое Македонија може да влезе во ЕУ во 2027, но без право на глас!

t

Постои можност Македонија да влезе во Европската Унија на почетокот на 2027 година, без право на глас. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Канал 5, одговарајќи на прашањето дали ЕУ има некаква алтернатива за земјава, со оглед на закочените евроинтеграции.

Мицкоски вели дека во Брисел сè погласно се слуша идејата која го опфаќа мировниот план за Украина во кој, нејзината интеграција во Европската Унија, со цел идна реконструкција, би била на брза лента. Во таквите сценарија, како што рече, е вклучена и Македонија.

„Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане земја членка на ЕУ и тоа да се случува на почетокот на 2027 година – да седне на масата, да се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, но без право на глас со многу внатрешни контролни механизми. Како ќе ги затвора поглавјата, земјата постепено да се интергрира сè додека целосно не го адаптира својот систем на она што го бара Европската Унија“, изјави Мицкоски.

Додаде дека во оваа смисла треба да бидат исполнети два задолжителни услови. Првиот, како што рече Мицкоски, земјава го има исполнето прва во регионот, а тоа е заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ. Вториот услов е владеење на правото. На прашањето дали за земјава услов ќе бидат и уставните измени, тој вели:

„Претпоставувам дека за нас услов ќе бидат и уставните измени, но генерално зборувам како пакет. За нас претпоставувам дека и тоа ќе биде, бидејќи е прифатено од страна на претходната влада. Оваа интеграција би се случила некаде на почетокот на 2027 година. Вториот услов е на ова да се приклучат и другите земји од регионот, а тоа се Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Молдавија која што е малку подалеку од регионот.“

Ова, како што рече Мицкоски, е она што моментално се слуша во Брисел, а тема на дискусија било и на Минхенската безбедносна конференција. Сепак, како што рече, исполнувањето на ваквите сценарија зависи од многу параметри како мировниот план за Украина и консензусот за евентуален мировен договор.

Премиерот вели дека Владата ќе работи на решение за откочување на евроинтеграциите, но не под притисок, и ќе биде проактивна во процесот за изнаоѓање решение за проблемот кој рече дека е наследен од претходната влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Во Брисел постои сценарио според кое…

Постои можност Македонија да влезе во Европската…

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а…

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот…

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави…

Нема предвремени избори: Владината реконструкција најдоцна до…

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба…

Во следните десет дена ќе се види…

Доналд Трамп кажа дека светот во следните…