Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати, нема потреба од ограничувања

t

Земјава има доволно нафтени деривати и во моментов нема потреба од било какви ограничувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека ограничувања се уште не се потребни, иако, како што нагласува, има зголемена потрошувачка, пред се поради тоа што голем дел од граѓаните од соседните земји доашаат да точат гориво кај нас.

-Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само што тоа не го правиме, туку голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10 проценти сега веќе е 15 проценти, рече Мицкоски и додаде дека сега за сега нема потреба од вовдување на некои од препораките за штедење по примерот на ЕУ бидејќи има доволно количини на горива.

Од понеделник, како што рече, се очекува бензините да бидат со цена од 1,32 до 1,37 евра, а нафтата да биде меѓу 1,5 и 1,53 евра за литар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати,…

Земјава има доволно нафтени деривати и во…

Над 100 експерти по меѓународно право предупредуваат:…

Повеќе од 100 експерти за меѓународно право…

„40-ти Марш на ангелите“

„40-ти Марш на ангелите“ се одржа денес,…

Бројот на пациенти со меланом пораснал за…

Бројот на пациенти кај кои бил дијагностициран…

Бугарски министер тврди: Над 210.000 граѓани од…

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Марин…