Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, нафта има, тука сме ако драматично скокне цената
Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски денеска напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е независна и носи одлуки врз основа на методолгоија.
„Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните“, подвлече Мицкоски.
Според него, инфлацијата и трошоците за живот во јануари се на ниво од 3,1 отсто, но очекува овие бројки да се стабилзиираат во февруари и да бидат под три проценти.
Тој потврди дека имало информации за наводни забрани на точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часто, но, инспекциите, како што информира, се постојано на терен.
Според него, државните резереви се отприлика над 62 дена, во однос на вкупната дневна потрошувачка на нафта и нафтени деривати, шпо не е проблем и се на највоисоко историско ниво согласно законот, треба да постои методолгоија како да се дојде до 90 дена.
На прашањето дали е загрижен од нов ифлаторен шок со оглед на војната на Блискиот Исток, премиерот одговори дека Владата будно ја следи состојбата и ако треба, ќе интервенира.
„Можноста за нова инфлација, ако потрае кризата во Заливот, е возможна и апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните, така реагираме. Ние не сме политичка гарнитура што сака да внесува страв, туку сме политичка гарнитура која ги антиципира предизвиците, нуди решенија и се труди да има поинаква атмосфера во опшптешството“, нагласи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, нафта има,…
Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните…
Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем…
Цените на американската сурова нафта го забележаа…
Димитриеска-Кочоска: Ќе ја намалиме акцизата ако има…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење…
Америка ѝ дозволи на Индија да купува…
По месеци притисок врз Индија да престане…
Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, можен притисок…
Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени безбедносната состојба…