Мицкоски за европерспективата на државата: Прво да ја завршиме домашната задача со реформите, потоа останува на ЕУ дали ќе продолжи да го билатерализира процесот!

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на европерспективата на државата, нагласувајќи дека приоритет е завршување на домашната задача поврзана со Реформската агенда пред да се очекува билатерална реакција од Европската Унија.

-Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме, сите оние отворени прашања поврзани со Реформската агенда да ги завршиме, сите оние реформи што сме ги предвиделе да ги затвориме, рече Мицкоски.

Тој додаде дека откако сето тоа ќе го направиме, тогаш ќе оставиме на 27 земји-членки да одлучат дали ќе го билатерализираат овој процес или ќе биде базиран на критериуми коишто ги имале сите земји коишто му пристапиле на овој сојуз, односно на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за европерспективата на државата: Прво да…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на…

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на…

Во рамките на опсежна истрага на Основното…

Пицула до Вучиќ: ЕУ не е „шведска…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја гледа Европската…

(Видео) Македонците го запалија Хернинг: Македонска песна…

Maкедонската репрезентација денеска о 18:00 часот го…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент со…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави…