Мицкоски за предвремени избори: Не знам зошто би се повлекол, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара да има
Пред неколку недели за време на емисијата „Клик Плус“ во ТВ21, лидерот на ДУИ Али Ахмети, кажа дека кога имал средба со Христијан Мицкоски, добил ветување дека ќе има предвремени парламентарни избори, и потоа се повлекол.
Тој рече дека на ВМРО-ДПМНЕ му одговара да има предвремени избори, и дека не разбира зошто во тој случај би се повлекол.
„Еве и да е така, а не е така, тоа е лага. Еве и да е така, апсолутен победник на локалните избори беше ВМРО-ДПМНЕ, уште поубедлива победа од минатите локални избори. Јас би рекол во услови кога имаме повеќе од 60 пратеници во Парламентот, во дадени случаеви можеме да мобилизираме и двотретинско мнозинство, во услови кога предноста наша во однос на опозицијата 3:1, во услови кога имаме тотален распад на моралот во опозицијата, ако гледаме политички и од оптиката на ВМРО-ДПМНЕ, наш интерес е да има предвремени избори. Зошто би се откажал? Напротив, јас би стимулирал, ако тоа сум го кажал и ако гледам од оптиката на интерес на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за предвремени избори: Не знам зошто…
Пред неколку недели за време на емисијата…
Ново пукање во САД: Граничната патрола застрела…
Едно лице е застрелано наутро по локално…
Зошто индискиот премиер на „Икс“ објави порака…
Индија и Европската Унија во вторник склучија…
Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „страјкер“…
Оваа година ќе пристигнат сите 42 борбени…
Мицкоски гледа политика во протестот на ССМ…
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за…