Мицкоски: Заклучно со декемврискиот извештај, ние сме вистинските фронтранери, жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат коментари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни.
-За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први јуни рокот, туку триесетти јуни. Тоа е елементарно непознавање, но тоа е што е. Ние сме заклучно со декемврискиот извештај вистински фронтранери. На второ место е Албанија, трето е Црна Гора во регионот на Западен Балкан и ние користиме најголем дел од средствата како резултат на завршените реформи и испорачаните чекори, изјави Мицкоски по отворањето на МЕФ Форумот 2026.
Тој истакна дека од она што денеска разговарал со колегите на состанокот за Реформската агенда, е оптимист дека и оние реформи што се во грејс период, но и оние чијшто рок за испорака завршува некаде крајот на јуни најмалку деведесет проценти ќе бидат ќе бидат испорачани.
-Во четвртокот имаме повторно координација со Брисел со господинот Герт Јан Копман. Околу десет и триесет е закажана таа конференциска врска, така што очекувам местото на вистински фронтранери кое останува збор за испорака на реформите да го задржиме и во јунскиот извештај, така што од таа од таа смисла на испорака ние навистина можам да кажам дека во овој момент се движиме најдобро од сите земји во регионот, нагласи Мицкоски.
Во врска со очекувањата од утрешната средба со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, тој рече дека пораките се јасни и аргументирани.
-Во зависност од темите моите пораки се јасни и аргументирани. Ние сме подготвени да разговараме со секого на било која тема. Ние сме подготвени да бараме решенија и тука не треба никој да има дилема, но тие решенија мора да бидат достоинствени и тие решенија мора да опфатат заштита на македонскиот национален идентитет, но истовремено решенија кои што ќе значат почеток и крај на процесот, а не само почеток на процесот. Тоа не е доволно.
На новинарско прашање дали има одговор од бугарскиот премиер Румен Радев за поканата за средба, рече дека засега нема одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Заклучно со декемврискиот извештај, ние сме…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски…
Кошта: Посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан…
Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, кој…
Муцунски: Со Кошта дефинитивно ќе разговараме за…
Шефот на македонската димпломатија Тимчо Муцунски вели…
Филипче: Албанија и Црна Гора одат напред…
Соопштение за јавност Регионот оди напред, Црна…
Ќе бидат ли „еко-активистите“ и против ЕУ?…
На чија страна ќе застанат еко-активистите кои…