Мицкоски и Фон дер Лајен се сретнаа зад затворени врати
На само три дена пред локалните избори во Македонија, во рамки на својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, зад затворени врати.
По средбата, немаше изјави за медиумите. Од Владата испратија кусо соопштение во кое информираа за посетата и велат дека на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.
„Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски и Фон дер Лајен се сретнаа…
На само три дена пред локалните избори…
Јакимовски: Сотир очигледно заглавил некаде меѓу лагите…
Сотир очигледно заглавил некаде меѓу лагите и…
Професорот Трајковски: Гласање макар по случаен избор…
Гласање макар по случаен избор – подобра…
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето,…
Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се…
Пецаков вели дека случајно се сретнал и…
Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, денеска за „Вечер“…