Мицкоски: Мислев дека ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ – Филипче му врати: Тоа е кафеански муабет!
Именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија предизвика жестока расправа на седницата за пратенички прашања, при што дебатата меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и премиерот Христијан Мицкоски прерасна во меѓусебни обвинувања и иронични пораки.
Филипче побара одговори за критериумите според кои Адамовиќ е назначен, прашувајќи дали ги исполнува условите предвидени со упатството за номинација на почесни конзули. Тој посочи дека почесен конзул треба да биде личност со висок интегритет и докажан пријател на државата, додавајќи дека на социјалната мрежа Икс имало објави што, според него, го доведуваат тоа во прашање.
Лидерот на опозицијата се повика и на медиумски написи во кои се споменува наводно сомнително минато на Адамовиќ, прашувајќи дали надлежните институции, вклучително и Агенцијата за национална безбедност, извршиле соодветна проверка. Според него, јавноста заслужува транспарентен одговор за изборот на новиот почесен конзул.
Премиерот Мицкоски на конкретното прашање одговори кусо, упатувајќи го Филипче за повеќе информации да се обрати кај поранешен министер за правда од претходната влада. Но, претходно се осврна и на забелешката на Филипче дека „не знае какво прашање да постави“, при што со иронија го спомена и пејачот Харис Џиновиќ.
„Мислев дека ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ за следниот пат кога ќе одите во Дубаи“, рече Мицкоски, додавајќи и други алузии поврзани со минатите политички случувања.
Филипче возврати дека јавноста не очекува „кафеански муабети“, туку конкретни одговори за економските и институционалните прашања. Тој оцени дека со ваков пристап не се води ниту Владата ниту државата и дека граѓаните бараат решенија, а не политички досетки.
Дебатата заврши без дополнително образложение околу критериумите за именувањето на Адамовиќ, додека тензичната атмосфера во салата беше проследена со реакции од пратениците од двете страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Мислев дека ќе ме прашате која…
Именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул…
Камион прегази крава на патот Крива Паланка…
Во ОВР Крива Паланка вчера во 18:00…
Мицкоски за Груби: На Прочка креваа дрон…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на денешните…
Советот на јавни обвинители: Немаме надлежност да…
Советот на јавните обвинители на Република Северна…
Филипче до Мицкоски: Правите упад, носите неуставен…
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на…