Мицкоски: Наместо да зборуваат дека сме трети во Европа позади Данска, тие растураат пердуви за мигранти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска даде изјава по одржувањето на Анкетната комисија во Собранието за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Тој истакна дека присуството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ било целосно, и покрај, како што рече, обидите на опозицијата да креира спротивна слика.
„И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да создаде лажен впечаток дека нема да се појавиме, сите бевме присутни. Ги слушнавме ставовите на родителите. Сакам уште еднаш да изразам искрено сочувство до сите што ги изгубија своите најблиски и до оние кои беа повредени. Како држава ќе направиме сѐ што е во наша моќ да им помогнеме на оние кои се лекуваат и да обезбедиме соодветна грижа,“ изјави Мицкоски.
Прашан за тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија, премиерот категорично го демантираше тоа.
„Ги гледам овие салта, овие гимнастики кои ги прави опозицијата на отворена сцена прво да кажам дека не само што не е вистина, туку вака за мене претставува вистина чудно во отсуство на било каква идеја којашто може да мобилизира, да допринесе во рамките на оштествениот живот во Македонија, тие се фаќаат за тема којашто е тотален антибот од нивната политика и природно припаѓа на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Антиилегалната миграција ВМРО-ДПМНЕ е по основен столб по фундаментални вредности на коишто почива партијата. И сега вие за таа тема да водите ваква кампања однапред претставува изгубена битка. Апсолутно НЕ! Напротив, ние можеме да водиме кампања за зајакната антиилегална миграција. Таква политика можеме да водиме. Јас ги разбирам немаат идеја немаат концепт, се обидуваат да се мобилизираат и ајде сега ќе измислуваме теми, ќе растураме пердуви, ама каде од сите теми токму оваа, на којашто почива практично е фундаментална темелна вредност на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Да се бориме против илегалната миграција, вели Мицкоски“, рече премиерот Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче: Ќе ги добиеме Гостивар и Врапчиште,…
Пратеникот од Алијансата за Албанците (АА), Халил…
Мицкоски: Наместо да зборуваат дека сме трети…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска даде изјава по…
(Видео) „Support Kocani“ до ВМРО-ДПМНЕ и власта:…
Претставниците на здружението „Support Kocani“ остро реагираа…
Хорор во Скопје: Безживотно тело лежи во…
Безживотно тело лежи попладнево во центарот на…
(Видео) Мајката на Моника му се обрати…
Тензично атмосфера на денешната седница на Анкетната…