Мицкоски се сретна со Ердоган: „Владата останува посветена на создавање поволна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места“

t

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево информираше дека остварил билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

Според македонскиот премиер, на средбата било изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговарале за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

-Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места. Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот, стои во објавата на премиерот, посочувајќи дека двајцата соговорници изразиле уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со Ердоган: „Владата останува…

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево информираше дека остварил…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…

(Видео) Не сте виделе ваква поддршка: Еве…

Турската фудбалска репрезентација беше спектакуларно испратена од…

Седлоски по катастрофалниот пораз од Турција: Оставете…

На прес-конференцијата по натпреварот со Турција својот…