Мицкоски: Стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер САД
„Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашната воена акција на САД во Венецуела и апсењето на тамошниот претседател Николас Мадуро.
Прашан околу експресната поддршка што Македонија ја даде за потегот на САД, кој голем дел од европските држави го оценија како кршење на меѓународното право, Мицкоски рече дека „истите тие земји молчеле кога се кршело меѓународното право во случајот со нашата земја“.
„Она што мене најмногу ме загрижува е што во минатото имаше громогласна тишина од тие европски и светски земји кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Тогаш сите тие оглувеа и никој не го коментираше тоа. И сега сите коментираат дали било меѓународно право или не било. Познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународно-правни експерти. Јас би го оставил тој коментар на меѓународно-правните експрти“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на нова градинка во Сопиште.
Вчера и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера меѓу првите во светот јавно го поздрави апсењето на Мадуро.
„Ја поздравуваме објавата на претседателот Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така сакам да го пофалам државниот секретар Марко Рубио за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалната мрежа на режимот на Мадуро. Одговорноста е важна. Стоиме со САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, напиша Муцунски на социјалната мрежа Икс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Стоиме зад потезите и аргументите на…
„Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите…
Македонија, Косово и Албанија со поддршка за…
Воената операција на САД што доведе до…
Кина повикува САД да го ослободат Мадуро
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
(Видео) Белата куќа објави снимка од Мадуро…
Белата куќа објави снимка од Николас Мадуро…
Авионот со Мадуро слета во воена база…
Авионот во кој беа заробениот венецуелски претседател…