Млад гостиварец починал во болница – обдукција ќе ја утврдува причината
Триесет и осумгодишен гостиварец вчера починал во болница откако претходно дома му била укажана помош од страна на лекар од Итната медицинска помош. Поради сериозноста на состојбата, младиот човек итно бил однесен во болница, каде подоцна починал.
„На 22.03.2026 во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на наасилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“ соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млад гостиварец починал во болница – обдукција…
Триесет и осумгодишен гостиварец вчера починал во…
Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода…
Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна…
Хорор во Гостивар: Татко и син 30…
Александар Сашо Андриевски на социјалните медиуми објави…
Ѝ ветувал странска виза: Маж од гостиварско…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(48)…
Уапсен гостиварец кој ја тепал сопругата
На 05.03.2026 во 05:40 часот во Гостивар,…