Млада трудница го загуби осуммесечниот плод: Дошла со породилни болки, од ГАК ја пуштиле со образложение дека е добра – Клиниката негира лекарска грешка
Семејството на млада трудница од Велес бара итна институционална истрага откако го загубија нероденото дете.
Родилката А.К од Велес била донесена и примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје со болки пред породување, сведочи семејството во разговор со Инфомакс. Откако била прегледана, трудницата била пуштена дома со образложение дека нема болки. Сепак, болки се појавиле повторно по кратко време и нејзината состојба се влошила, по што била однесена во болницата во Велес каде констатирале дека плодот нема срцева реакција.
Семејството изразува сериозен сомнеж за лекарска негрижа и ненавремена медицинска реакција и бараат од надлежните институции целосно да го испитаат случајот и да утврдат евентуална одговорност.
– Жената немаше никакви пречки, редовни контроли, се еше во ред до 7 јануари кога поради недоволно вода во утробата ја задржаа на клиника за да испитаат. На 9 јануари ја испишуваат во добра општа состојба и после 2 дена се жали на болки. Ја однесовме во болницата во Велес ја гледаат на ехо и кажаа дека таа има мртов плод односно бебето нема срцева реакција ни кажаа со сопствено возило да ја однесеме, не ни пуштија болничка кола. Трудницата си дојде дома во нормална состојба, немаше никаков видлив проблем, велат од семејството за Инфомакс.
Тие се сомневаат во лекарска грешка.
– Да, постои лекарска грешка, жената беше испишана за 2 дена, а таа требаше да биде задржана, велат од семејството од каде додаваат дека е започната постапка пред надлежните институции за да се испита случајот и да се лоцира одговорност.
Од ГАК за Инфомакс велат дека лекарите постапиле согласно сите процедури.
Пациентката за која се интересирате за првпат била хоспитализирана на одделението за патолошка бременост на нашата клиника на 07.01.2026год. по издаден упат за препраќање од Велес поради мала гестациска недела. Пациентката од Велес на клиниката е препратена со дијагноза Partus praetemparius imminens ml VIII (32/33 g.n.). На самиот прием се направени потребните иследувања: вагинален преглед, при што е констатиран присутен колпит, уреден ЦТГ запис (преглед во кој се
нотира работата на срцето на бебето и активноста на матката) и ултразвучен преглед каде освен потребните параметри е нотирана и позитивна срцева акција. На пациентката и е земена и крв за комплет биохемиско лабораториски иследувања.
Веднаш по приемот на одделението за патолошка бременост и е ординирана и терапија за зреење на плуќата на плодот амп. Флостерон при што зреењето било завршено за време на престојот на одделението. За време на престојот на пациентката во неколку наврати и е повторено ЦТГ иследувањето при што сите записи се оценети со највисока фишер скор оценка.
На 08.01 кај пациентката повторно е извршен вагинален преглед како и ултразвучен преглед и неколку ЦТГ записи во различни временски интервали во текот на тоа деноноќие.
Ултразвучен преглед е извршен и дента пред истата да биде испишана од одделението за патолошка бременоста и истиот бил уреден со доволна количина на плодова вода. При исписот е направен и контролен ЦТГ запс кој е оценет со највисока фишер скор оценка. Пациентката за целиот престој во болница била со уредни витални параметри. Пациентката е испишана на 09.01.2025 во добра општа состојба со препорака за следна контрола кај матичен гинеколог.
По повод немилиот настан како институција изразуваме жалење, велат од ГАК.
Од болницата во Велес до овој момент немаме добиено одговор на прашањата.
Семејството веќе започна соодветни постапки и бара одговорност доколку е сторена лекарска грешка.
А.Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада трудница го загуби осуммесечниот плод: Дошла…
Семејството на млада трудница од Велес бара…
Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во…
На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица…
Комисијата за стручен надзор за починатото бебе…
Комисијата за стручен надзор за случајот со…
ГАК: Причина за смртта на новороденчето е…
Скопската Клиника за гинекологија каде почина новороденче…
Готов е обдукцискиот наод за бебето на…
Директорката на Клиниката за гинекологија д-р Ирена…