Мнозинството во кумановскиот совет на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не прифати да се расправа за даночните проблеми на печалбарите во Ирак и Авганистан
Советот на Општина Куманово не ја стави на дневен ред точката по која требаше да се расправа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Куманово кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, а се однесуваат на ретроактивното оданочување. Иницијативите за оваа точка биле поднесени од засегнатите граѓани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но беше одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова прашање и дека тоа е во ингеренција на Управата за јавни приходи (УЈП).
Поранешните вработени во Ирак и Авганистан, повеќе од две недели протестираат пред УЈП за решавање на нивниот проблем од надлежните институции, притоа побараа помош и од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
+
Мнозинство го сочинуваат седум советници на Движењето ЗНАМ, шест од ВМРО-ДПМНЕ, три од ДПСМ и тројца од „Вреди“. Опозиција се четири советници од коалицијата на СДСМ, пет од коалицијата на ДУИ, двајца на независната листа „Ред за Куманово“ и еден на Левица.
Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска од ЗНАМ, предложи градоначалникот Максим Димитриевски да даде информација за проблемот, бидејќи имал средба со печалбарите. Овој предлог предизвика бурна реакција кај опозициските советници, кои реагираа дека ако Советот нема право да расправа за ова прашање, по кој основ истата можност му се дава на градоначалникот и тоа пред утврдување на дневниот ред.
„Ако градоначалникот сака да го соопшти тоа што го знае, нека свика прес-конференција. Или нека ни ја достави информацијата по писмен пат, а вака ќе прави политичка промоција пред нас и пред јавноста“, изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ.
И други советници се обидоа да ја убедат претседателката дека со ваквата постапка се крши Деловникот за работа на Советот, но таа му даде збор на градоначалникот.
Димитриевски кажа дека имал средба со засегнатите граѓани и ги кажа договорените заклучоци.
„УЈП презема обврска да формира стручни тимови, кои ќе вршат редовна легитимација на даночните обврзници, кои се засегнати од овој процес, и ќе ги прибере комплетните документи на тие што ги поседуваат, во делот на уверенија за платени давачки во странски држави. Сите кои немаат такви документи ќе се изработат листи за кои државата ќе побара официјални документи од компаниите и државите. По добивање на овие податоци ќе се изготват конечни решенија од УЈП“, кажа Димитриевски.
Потоа, предлогот на советникот Иван Петковски за дополнување на дневниот ред со нова точка за проблемите со ретроактивното оданочување беше ставен на гласање, но не беше изгласан. „Против“ гласаа 17 советници, „за“ беа 12, а двајца беа воздржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството во кумановскиот совет на чело со…
Советот на Општина Куманово не ја стави…
(Видео) Мицкоски се пофали со уште еден…
Денот го започнавме со билатерална средба со…
Филипче: Удривме во осино гнездо
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…
За една деценија загубени над 2.400 километри…
Балканот забележува алармантен пад на недопрените реки…
МЗ: Забрана за рекламирање и промоции на…
Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана…