МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра… Во деведесетите години Скопје имаше најдобар ноќен живот на Балканот!

t

Скопје некогаш имаше богат ноќен живот на кој можеа да му позавидат и Белград и другите големи градови од балканските простори.

– Во деведесетите години Скопје имаше најдобар ноќен живот на Балканот. МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра, дискотеките во Градскиот парк, кои тогаш почнуваа со работа, меѓу местата за излегување… Пред 20-ина години актуелни беа и Аполон, Уна, Менс, Академија, Корнер, Рома, Булевар, Тунел… Речиси сите оние, кои беа дел од тоа време, се едногласни ноќниот живот во Скопје тогаш имаше поинаков шмек, се сеќава еден повозрасен скопјанец во групата „Стари Скопјани“.

– Во 90тите години од минатиот век и немавме баш некоја јака конкуренција на Балканот за да се споредуваме… Србија и Црна Гора беа во војна со Босна и Хрватска, во Албанија и Бугарија владееше сиромаштија и беда, а од Грција имавме ембарго и затворени граници се до 1996та… Така што ноќниот живот во Скопје, таков каков што беше, во тоа опкружување веројатно и бил најдобар, коментира друг скпјанец.

Старите скппјани се сеќаваат и на алтернативните култни места за излегување од деведесетите, како Дорс, Мјузик Гарден, Зизи, Њуејџ, СФ, Пони, Медиум, Дваескец, Џаџо, Багдад Кафе, Менада (Дали) …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…