Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните, велат од СДСМ
Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците, изјави во днешната прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ.
Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој? Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела?
Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен. Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува. Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта.
СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа.
Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.
Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност. Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага.
Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара?, прашуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молкот на власта за скандалот со 5…
Втор ден по ред власта молчи за…
СДСМ и Мицкоски со ист став: Украденото…
„Во време кога во буџетот недостасуваат 2…
СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога…
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше…
Филипче: Оваа Влада нема да издржи до…
Економска криза, избори, па „мигранти за пари“…
СДСМ: Платите на работниците треба да се…
На работниците не им требаат изговори ниту…