МОН воведе четбот за користење на електронскиот дневник
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на примената на Е-дневникот е направено со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
-Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот, соопшти МОН.
Според МОН четботот обезбедува поефикасна и побрза обработка и структурирање на документација, со што, креира сеопфатна база на знаење за користење на системот Е-дневник на македонски и албански јазик.
Од Министерството појаснуваат дека со тоа се овозможува лесен пристап до релевантни информации и поддршка за корисниците.
-Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на користењето, соопшти МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН воведе четбот за користење на електронскиот…
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…
МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…
Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…
Левица: Министерството за образование како селска крчма
Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
МОН: Законски измени со кои ќе се…
Министерката за образование и наука најавува законски…