Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини
Најголемите руски мобилни оператори денеска ги известија своите корисници дека мобилниот интернет е привремено во прекин во одредени делови на Москва, наведувајќи ги безбедносните мерки како главна причина за оваа рестрикција.
Како што јавуваат новинарите на Ројтерс од руската престолнина, најголемиот мобилен оператор во земјата, МТС, испратил пораки до корисниците во кои се вели:
„Со цел да се гарантираат безбедносните мерки во вашиот реон, може да има привремени ограничувања во работата на мобилниот интернет“.
Вакви известувања добиле корисници на повеќе телефонски компании во текот на денот.
Ова не е прв ваков случај во изминатиот период. Руските власти во неколку наврати во последните денови го блокираа пристапот до мобилен интернет, особено во централниот дел на Москва, во контекст на засилените безбедносни протоколи во главниот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа…
Најголемите руски мобилни оператори денеска ги известија…
Нови детали од истрагата: Во киднапирањето на…
Помина повеќе од еден месец откако познатиот…
(Видео) Реки народ во Техеран ги испрати…
Лариџани и Солејмани денеска беа испратени на…
ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
За Филипче македонскиот „ДОС“ е платформа уривање…
За Венко Филипче опозициската платформа која иницијаторите…