Москва ја обвини Црна Гора за „антируски инсинуации“, од таму возвратија: „Русија ја започна агресијата врз Украина“
Министерството за надворешни работи на Црна Гора ги отфрли обвинувањата од руската амбасада во Подгорица за наводни „антируски инсинуации“, порачувајќи дека секоја невина цивилна жртва заслужува сочувство и почит, без разлика на националноста или местото каде што загинала.
Реакцијата следува откако руската амбасада изрази незадоволство што црногорските власти не упатиле сочувство поради загинувањето на цивили во напад врз студентски дом во Луганск.
Од Министерството порачаа дека Црна Гора доследно ги поддржува принципите на меѓународното право.
„Обидите одговорноста за последиците од војната да се префрли на други не можат да го променат фактот дека овој конфликт започна со воената агресија на Руската Федерација врз Украина“, се наведува во соопштението.
Подгорица оцени дека се непримерни „лекциите за хуманост и сочувство“ во момент кога делови од украинската територија се окупирани, а цивили и цивилна инфраструктура низ Украина се изложени на постојани напади.
Министерството истакна дека Црна Гора „не е и нема да биде против рускиот народ“, туку против кршењето на меѓународното право, воената агресија и страдањето на цивилите.
Во соопштението се додава дека Подгорица повеќепати изразила солидарност со сите цивили погодени од војната во Украина и дека ќе продолжи да го поддржува мирот, како и суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Претходно, руската амбасада во Црна Гора ја критикуваше официјалната Подгорица поради недостиг на сочувство за жртвите во нападот врз студентски дом во Старобилск, во Луганската област, каде што, според руските информации, загинале 21 лице, претежно тинејџери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва ја обвини Црна Гора за „антируски…
Министерството за надворешни работи на Црна Гора…
Медведев: ЕУ зазема непријателски курс и донесува…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Путин отпишува долгови за новите регрути кои…
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со…
Русија предупреди на „системски напади“, ЕУ им…
Европската унија соопшти дека нејзините дипломати остануваат…
Русија се обидува да ја вовлече Белорусија…
Денес во Киев се одржува самит на…