Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на сите субјекти кои имаат дозвола за експлоатација во Струга!

t

Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација на песок во Струга, откако жителите на градот веќе трета недела се без вода за пиење поради загадени извори.

– Додека Струга и 50.000 жители се трета недела без вода за пиење (во 21 век!), поднесов иницијативи до Министерството за енергетика и Министерството за животна средина за вонреден инспекциски надзор над СИТЕ субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација во Струга, како и оние кои криминално работат без важечки договори.

•Безредието, пасивноста на институциите и корумпираноста во секоја пора на општеството доведе градот на две води да остане БЕЗ ВОДА. Апелирам Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и ОЈО Струга да се РАЗБУДИ од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга и врти милионски профити, додека цената ја плаќаат Стружани.

П.С. Секој КУПЕН ГЛАС скапо коштат. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на…

Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива…

Мојсоска: Кои институции “не го виделе” копањето…

КОИ ИНСТИТУЦИИ "не го виделе" копањето и…

Народниот правобранител отвори постапка за водата во…

Регионалната канцеларија во Кичево на Народниот правобранител…

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди…

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека…