Муцунски и Кос телефонски разговарале за предизвикот со превозниците и евроинтегративниот процес на земјава

t

Во врска со проблемот со превозниците, шефот на македонската диппломатија ја нагласил потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија
Околу евроинтегративниот пат на државата, тој, како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја потврдил јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда
Економските превизвици и евроинтегративниот процес на земјава биле во фокусот на телефонскиот разговор што министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска попладне го остварил со еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Кос размениле меслења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано тарифите за челик.

„Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“,се наведува во соопштението.

Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, шефот на македонската дипломатија ја потврдил јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

Во врска со проблемот со професоналните превозници, од Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево соопштиј дека вечерва од 20 часот ги повлекуваат блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини што ги почнаа во понеделникот барајќи од Европската Унија (ЕУ) да го измени правилото за електронска евиденција за престој на превозниците во земјите од Шенген-зоната.

Одлуката е донесена откако претходно денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе Стратегија за визи со која наместо како туристи, камионските превозници ќе бидат препознаени како професионалци, со што ќе им се овозможи престој во Шенген-зоната подолг од 90 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски и Кос телефонски разговарале за предизвикот…

Во врска со проблемот со превозниците, шефот…

Толку беше: Од вечерва нема блокада на…

Коцевски создава магла, наместо правда Македонија29/01/2026 17:33…

Трендафилов: Имаше притисоци врз вработените да не…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија…

Каракамишева стана советник на Мицкоски

Професорката Тања Каракамишева е нов советник на…

Уставни измени нема да има ако не…

Уставни измени нема да има ако не…