Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
Попладнево успешно е завршен процесот на евакуација на сите македонски државјани од Израел кои изразиле подготвеност за тоа, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
-Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, напиша министерот Муцунски на Фејсбук.
Станува збор, како што вели, за процес што бараше сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.
Тој информираше и дека е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне со реализација на летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.
-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка, заклучи министерот во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани…
Попладнево успешно е завршен процесот на евакуација…
Трамп ја разреши „ICE Барбика“ Кристи Ноем…
Доналд Трамп, претседателот на САД, објави дека…
Трамп повторно бара Нетанјаху да биде помилуван
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повика…
Зошто стотици илјади луѓе сакаат да побегнат…
Сè поголем број жители на ЕУ размислуваат…
Нов Ел Нињо се приближува – дали…
Светот можеби е на работ на нова…