На Инфективна во Скопје хоспитализиран пациент заболен од маларија
На Инфективната клиника во Скопје потврден е случај на маларија. Се работи за пациент кој патувал во Занзибар.
Тој пројавил симптоми на висока температура и имал треска, па веднаш се јавил на клиниката каде е задржан на болничко лекување.
Директор на Клиниката за инфективни болести – Фадил Цана вели дека кај пациентот потврдена е маларија. Вели дека моментно е стабилен, но сепак е добро што навреме се јавил.
Маларијата може да биде опасна и да има тешки компликации – предупредуваат лекарите.
Двајцата пациенти кај кои претходно беше потврдена западно-нилска треска се уште се на лекување на Клиниката. Сепак, и двајцата се во добра состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Инфективна во Скопје хоспитализиран пациент заболен…
На Инфективната клиника во Скопје потврден е…