На летот Дакар-Рим се роди бебе, мајката му дала име по пилотот!
Авионот AIRBUS A321neo на компанијата Ita Airways полетал од Дакар кон Рим ноќта меѓу 29 и 30 април со 155 патници, но се вратил со еден повеќе. На летот AZ855 се родил момчето Мохамед Алесандро. Командантот на авионот, Алесандро Вануки (52), изјавил дека екипажот не бил информиран дека меѓу патниците има жена во седми месец од бременоста. Во пилотската кабина со него бил и првиот офицер Филип Стојменов (34), пишува Corriere della Sera.
Драмата започнала во 2:47 по италијанско време. „Еден час и шест минути по полетувањето, началничката на кабинската екипа ми се јави и ми кажа дека една патничка не се чувствува добро“, раскажува Вануки. „Прашавав како е и дали ѝ треба медицинска помош.“ Настаните потоа се одвивале многу брзо. Само три минути подоцна пристигнала нова информација: на патничката ѝ пукнал водењакот.
Додека кабинската екипа ја згрижувала жената, во помош се вклучиле две патнички – италијанската докторка Антонета Серино и француската медицинска сестра Анаис Гендро. Нивната помош била клучна.
Истовремено, пилотите започнале да собираат временски податоци и информации за најблиските аеродроми на рутата. „Потоа отидов да ја проверам ситуацијата“, се присетува Вануки. Од докторката побарал проценка на состојбата и прашал колку е блиску породувањето.
Тешка одлука над пустината
Во тој момент пилотите се соочиле со две предизвикувачки околности. Првата била неизвесноста. „Не знаевме во каква состојба ќе биде бебето бидејќи станува збор за предвремено породување“, изјави командантот. Вториот проблем била локацијата на авионот.
„Бевме над Мавританија, во пустинскиот регион на Западна Сахара.“ Вануки објаснува дека тоа ја отежнало одлуката: „Одлуката за пренасочување зависи од позицијата и фазата на летот. Вообичаено има соодветни алтернативни аеродроми долж рутата, но во овој случај бевме во изолирана област.“
Враќање во Дакар
По проценка на состојбата, пилотите одлучиле да се вратат во Дакар. Командантот веднаш преку сателитскиот систем го контактирал оперативниот центар во Рим и побарал итните служби да бидат подготвени за прием на авионот. „Размислував за мајката и детето и за тоа која е најдобрата одлука во тој момент“, рече тој.
Бебе родено на небо
Во меѓувреме, бебето се родило. Мајката му го дала името Мохамед, а како второ име го додала Алесандро, во чест на командантот. „Ги известивме патниците за среќниот настан и сите аплаудираа“, се присетува пилотот. „Тоа се емоции што ќе ги паметам целиот живот.“
Вануки додаде дека ова му е прв ваков случај во кариерата. „Сум се соочувал со различни медицински ситуации за време на летови, но ниту една не била толку посебна и чувствителна“, изјави тој.
Ова е првото бебе родено на лет на компанијата Ita Airways. Авионот по слетувањето во Дакар и згрижувањето на мајката и бебето, неколку часа подоцна го продолжил патот кон Рим. Бебето, син на сенегалска мајка, родено во воздушниот простор над Мавританија, стана најмладиот патник кој едно патување го завршил, а друго – животното – штотуку го започнал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На летот Дакар-Рим се роди бебе, мајката…
Авионот AIRBUS A321neo на компанијата Ita Airways…
(Фото) Авион се урна во водите на…
Пред неколку минути спортски авион се урна…
Мал авион се урна во австриските Алпи,…
Сите четворица патници од мал германски авион…
Драма на небото: Поради чад во кабината…
Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ се соочи со сериозен…
Рада Манојловиќ открива: „Следната година ќе станам…
Рада Манојловиќ најави бебе за следната година……