Објавено на:

На повидок нова војна: Венецуела се мобилизира по заканите од САД

t

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи општа мобилизација на милицијата откако Белата куќа не ја исклучи можноста за воена акција против Каракас.

„Сметав дека е потребно и навремено овој викенд да спроведеме попис и да ги повикаме сите милиции, резервисти и граѓани, мажи и жени, кои сакаат да му кажат на империјализмот: ‘Доста со закани’“, изјави Мадуро.

Мобилизацијата ќе се одвива преку воени единици, локални штабови и централни плоштади, како дел од „Планот за заштита на суверенитетот и мирот“, што предвидува и проширување на народната милиција, цивилна одбрана и активности против психолошката војна.

Тензиите меѓу Каракас и Вашингтон нагло се зголемија по изјавата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги „употреби сите ресурси“ во борбата против нарко-картелите, вклучително и воена интервенција во Венецуела.

Мадуро порача дека меѓународното право строго ја забранува употребата на сила против суверени држави. Каракас веќе доби поддршка од Русија, Кина, Иран и од земјите членки на Боливарската алијанса, кои остро ги осудија заканите од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На повидок нова војна: Венецуела се мобилизира…

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи општа мобилизација…

Апасиев: Мицика е мањак 100-150.000 гласа од…

Мицика е мањак 100-150.000 гласа од минатите…

Мицкоски: Граѓаните се ислеуваат од Македонија поради…

Нови законски решенија за игрите на среќа…

Просечната плата во Хрватска ја надмина онаа…

Во јуни, просечната нето плата по вработен…

САД на страната на Русија: Во Советот…

Соединетите Американски Држави не ја поддржаа заедничката…