На судењето за „Пулс“ се читаа исказите на сведоци кои не се достапни на органите на прогон

t

Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка, беа прочитани денеска во судницата во Идризово, на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Причината за нивното читање е тоа што и двајцата сведоци во повеќе наврати не се достапни за органите на прогонот.

Одбраната се спротивстави на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие сведоци, оценувајќи дека тие се од суштинско значење за расчистување на клучни околности поврзани со пожарот – особено прашањето кој ги внел и поставил прскалките во дискотеката на кобната вечер.

Во својот исказ даден во Обвинителството, Дарио Трифунов детално го опишува избувнувањето на пожарот на 16 март, текот на евакуацијата, како и обидите да ги пронајдат останатите членови од друштвото со кое бил излезен. Тој зборува и за нивното пренесување во болница, каде им била укажана медицинска помош.

Александра Пепеларовска, пак, во својот исказ се осврнува на внатрешноста на дискотеката „Пулс“, но и на настаните кобната вечер. Таа сведочи дека забележала машко лице, непознато за неа, како поставува прскалки на бината. Дополнително, го опишува и самиот момент на избувнување на пожарот, посочувајќи дека две лица се обиделе да го изгаснат огнот, како и дека била извлечена од обезбедувањето, кое, според неа, спасувало и други присутни.

По читањето на исказот на првиот сведок, одбраната на обезбедувањето реагираше, нагласувајќи дека истиот бил задолжен да ги зачува фотографиите и видеата од трагичната вечер, но тие, како што тврдат, не се доставени како докази од страна на Обвинителството.

Според одбраната, сведокот е клучен за да се утврди дека Мартин Атанасовски Буцо влегол во дискотеката „Пулс“ без ништо друго освен маица, односно без ранец.

– Да беа изведени ќе отпаднеше теоријата на обвинителството дека тој ја внел пиротехниката во дискотеката и дека обезбедувањето требало да му изврши проверка – изјави адвокатот.

Одбраната дополнително обвини дека Обвинителството свесно ги прави недостапни овие сведоци, кои, според нив, се од клучно значење за случајот.

– Судот можел да даде наредба да бидат спроведени, со оглед дека има информации дека едниот сведок на 2 мај бил во државата – реагираше одбраната.

Од друга страна, Обвинителството на почетокот на денешното рочиште информираше дека примило изјава од родителот на Дарио Трифунов, во која се наведува дека неговиот син се наоѓа во странство и нема да може да присуствува ниту на денешното рочиште, ниту во блиска иднина, без да остави контакт за комуникација.

– Затоа предлагаме да се чита неговиот исказ, бидејќи ова лице како сведок е недостапно на органите на прогон – изјави обвинителство.

Судијката Дијана Груевска Илиевска информираше дека од МВР е добиено известување дека и сведокот Александра Пепеларовска исто така не е достапна.

– Со оглед дека сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска Судот донесе решение нивните искази дадени во текот на истражната постапка да бидат прочитани – изјави судијката.

Судењето продолжува со сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

На претходното рочиште, Обвинителството ги презентираше обдукциските наоди и мислења за причините за смртта на жртвите, како и медицинска документација за повредените, кои побарале лекарска помош по пожарот. Во трагедијата животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На судењето за „Пулс“ се читаа исказите…

Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра…

Со исказ на вешто лице од Судска…

Со исказ не вешто лице од Судска…

Шилегов: Постапката за „Пулс“ ќе трае најмалку…

„За ова е свесен и судот, свесно…

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…