Набавени 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“
Денес зборуваме за една важна инвестиција која не значи само нови возила туку значи нов почеток, нова енергија, и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците, изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.
-Владата преку Министерството за транспорт, реализираше набавка на сто нови возила за потребите на „Македонска пошта“. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните, и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа – рече Мицкоски.
Нагласи дека оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните, затоа што, посочи, инстиуциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исплатена платата на вработените во Пошта!
Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до…
Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари…
Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата…
Владата ќе донира 100 нови комби возила…
Работиме за Македонска пошта како државна пошта…
Директори на Пошта си ја зголемиле платата…
Во последните седум години, акционерското друштво Пошта…
Николоски: Нема да дозволам 4.400 семејства од…
„Во мојот воведен говор искористив да кажам…