Објавено на:

Над 1.100 смртни случаи во Шпанија поради топлотниот бран

t

Најмалку 1.149 луѓе во Шпанија починале како последица од неодамна завршениот 16-дневен топлотен бран, покажуваат проценките на Институтот за јавно здравје „Карлос III“.

Според системот за мониторинг на смртноста „MoMo“, кој ги следи податоците за реалната и очекуваната смртност, бројката претставува отстапување што најмногу може да се припише на екстремните температури. Иако системот не утврдува апсолутна причинско-последична врска, тој ја дава најпрецизната статистичка проценка за влијанието на жештините врз смртноста, пишуваат медиумите.

Веќе во јули, „MoMo“ регистрираше околу 1.060 смртни случаи поврзани со топлината, што е за 50% повеќе отколку истиот месец лани. За време на последниот бран, температурите на југот на Шпанија достигнуваа и до 45 степени, дополнително отежнувајќи ги напорите на пожарникарите и војската во справувањето со големите пожари, особено на запад.

Иако со падот на температурите и најавените дождови се очекува олеснување на состојбата, премиерот Педро Санчез предупреди дека „тешките времиња сè уште претстојат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 1.100 смртни случаи во Шпанија поради…

Најмалку 1.149 луѓе во Шпанија починале како…

Шпанија ќе прогласи вонредна состојба поради пожарите

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следниот…

Шумски пожари ја пустошат Шпанија, илјадници луѓе…

Шумски пожари беснеат низ северозападна Шпанија, а…

Пожарите во Шпанија однесоа уште една жртва

Маж на возраст од 37 години што…

Вучиќ се јави од Шпанија: Не сум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на…