Над 160 граѓани на Северна Македонија живеат во Германија
Германија долго време е една од главните дестинации за граѓаните на Северна Македонија кои бараат подобри услови за живот и работа. Според најновите податоци од Централниот регистар на странци, 161.044 граѓани на Македонија живеат во оваа европска земја, што ја прави Македонија една од 25-те земји со најголема дијаспора во Германија.
Во земја со над 14 милиони странци, македонските граѓани се на 22-то место по бројност, веднаш по Кина и Иран, а пред Виетнам. Податоците ја потврдуваат големата миграција од Македонија, но и стабилното присуство на Македонската заедница на германскиот пазар на трудот. Она што не е вклучено во оваа бројка се граѓаните на Република Македонија кои заминале за Германија со бугарски пасоши.
Балканските земји традиционално имаат силно присуство во Германија. Граѓаните на Македонија се дел од поширок бран на миграција на работна сила, заедно со граѓаните од Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Грција.
Бројот на граѓани од земјите во регионот што живеат во Германија е:
Бугарија – 422.787
Хрватска – 414.555
Грција – 347.486
Косово – 322.571
Србија – 262.479
Босна и Херцеговина – 246.724
Македонија – 161.044.

Украинците поминуваат Турција
Турците остануваат на врвот на листата, со околу 1,52 милиони жители, но нивната доминација е под закана. Поради војната во февруари 2022 година, бројот на Украинци во Германија драматично се зголеми и сега надминува 1,4 милиони, што ги прави втора најголема група странци. За споредба, на крајот на 2020 година, само околу 135 илјади Украинци живееле во Германија.

Вкупно, во Германија живеат 14.077.867 странци, или 16,8 проценти од населението. Ако се вклучат и луѓето со мигрантско потекло – деца на странци родени во Германија, натурализирани лица и неодамнешни имигранти – бројката се зголемува на 25,2 милиони, или над 30 проценти од населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 160 граѓани на Северна Македонија живеат…
Германија долго време е една од главните…
„Ќе пропаднеме како држава“ – загрижувачка порака…
Директорот на Тесла, Илон Маск, изрази јасно…
Се огласи кралот Чарлс, откако е утврдено…
Изјавата доаѓа откако полицијата потврди дека разгледува…
УЈП наплатува, а молчи: тетовци на четврти…
Триесетина жители на Тетово, кои во периодот…
Трендафилов: Ни се потсмеваа во Влада
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…