Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

t

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства повторно останаа без покрив над главата вторпат овој месец откако водата ги поплави нивните домови.

Околу 250 лица, односно 63 семејства, се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, објави 4news.mk Станува збор за граѓани чии куќи беа зафатени од поплавите во текот на вчерашниот ден, кога силните дождови го погодија не само Кичево, туку и повеќе делови од државата. Условите во салата се отежнати – има само два тоалета, еден машки и еден женски, а семејствата немаат соодветни услови за одржување лична хигиена.

Жителите сведочат дека водата за кратко време навлегла во домовите, носејќи покуќнина и оставајќи големи штети. Според информациите од терен, во некои куќи нивото на водата достигнало и до два метри.

Од локалната власт информираат дека до крајот на денот ќе биде обезбедено решение за подобрување на условите во спортската сала. Ќе бидат ангажирани хигиеничарки од Општина Кичево, а ќе се спроведе и дезинфекција и дезинсекција, како и при претходните поплави. Вклучени се и тимови од Општата болница и од Здравствениот дом, кои ќе постапуваат по повик и потреба.

Засега не е познато колку долго граѓаните ќе останат сместени во салата. При претходните поплави таму престојувале една недела, но според првичните проценки, овојпат можно е сместувањето да трае и до две недели поради обемот на штетите.

Надлежните служби работат со целокупната расположлива механизација. На терен се ангажирани повеќе од 30 камиони и десетици багери и градежни машини од општината, јавните претпријатија, противпожарната единица и приватни компании.

Улицата „Прилепска“ и денеска е една од најкритичните точки во градот. Иако дел од водата се повлече, жителите сè уште ја исфрлаат водата од своите домови. Дополнителна загриженост предизвикуваат најавите дека врнежите ќе продолжат и во текот на целата седмица, што дополнително ја отежнува состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 60 семејства без дом по излевањето…

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги…

Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а…

Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот…

Од Преспа до „Њујорк Тајмс“: Желките од…

Од Преспа до страниците на „Њујорк Тајмс“…

„Ни кршат вилици и ребра“: Странските работници…

Кога Д.Д. ја напушти Индија и отиде…

Трипуновски тврди: Нема кратење на субвенциите, се…

Нема да има кратења на субвенциите, туку…