Над 62.000 украински војници обучени во Велика Британија од 2022 година
Генералштабот на украинската армија денеска на својата веб-страница објави дека од 2022 година повеќе од 62.000 припадници на украинските вооружени сили биле обучени во Велика Британија во рамките на програмата за обука, чие финансирање е продолжено до крајот на оваа година.
Обуката вклучува тактички операции на мали единици, ракување со оружје, деминирање, тактичка медицина и урбано и рововско војување.
Програмата ја надгледува британската армија, а учествуваат инструктори од повеќе од десет земји од Европа, Северна Америка и Океанија.
„Програмата постојано се ажурира за да го одрази борбеното искуство стекнато од украинските вооружени сили и еволуцијата на непријателските тактики“, се наведува во соопштението, пренесува париски „Ле Монд“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 62.000 украински војници обучени во Велика…
Генералштабот на украинската армија денеска на својата…
Договорен датум за нови преговори меѓу Русија…
Следната рунда разговори меѓу Украина и Русија,…
Орбан: На изборите ќе се одлучува „Унгарија…
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави…
Заврши првата рунда преговори меѓу Киев, Москва…
Преговорите меѓу делегациите од Москва, Вашингтон и…
Преговори САД-Русија-Украина во Абу Даби: Територијални прекројувања…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трипартитните…