Објавено на:

Над 8.300 повици на бројот 112 по силното невреме во Скопје, ЦУК со апел за трпение

t

Скопјани во голем број побарале помош и пријавиле последици од силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Од Центарот за управување со кризи информираат дека за само четири часа на Единствениот број за итни случаи 112 биле примени повеќе од 8.300 повици.

Од 17:00 до 21:00 часот операторите на 112 работеле со полн капацитет, а поради огромниот број јавувања биле ангажирани и дополнителни смени уште во првиот час по почетокот на невремето.

Од ЦУК посочуваат дека и понатаму има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите пријави континуирано се обработуваат и се проследуваат до надлежните институции и служби за постапување.

„Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици“, се наведува во соопштението на ЦУК.

Од таму информираат дека доколку граѓаните не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите кои се однесуваат на материјални штети можат да ги достават и во текот на утрешниот ден. Тие ќе бидат евидентирани и проследени до надлежните служби.

Силното невреме предизвика бројни последици низ Скопје, меѓу кои паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, оштетени возила и блокирани сообраќајници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 8.300 повици на бројот 112 по…

Скопјани во голем број побарале помош и…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Петнаесет повредени во невремето во Скопје примени…

Петнаесет повредени лица се примени во две…

(Видео) Инспекциските служби на Град Скопје на…

Инспекциските служби на Град Скопје на терен,…

ЦУК: Повеќе од 1000 повици од граѓани…

Поради невремето проследено со силен ветер, кое…