Нападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници

t

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишник.

Според МВР, инцидентот се случил на 10 август околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“, каде што малолетниците физички го нападнале 14-годишното момче од Скопје и се обиделе да му одземат пари.

Откако не успеале во намерата, тие побегнале од местото. Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода околу 20:40 часот на улицата „11 Октомври“ во Центар.

Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „разбојништво“ во обид. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за смртта на Србинот на Халкидики:…

Одморот што требаше да биде спомен за…

Нападнале 14-годишник и се обиделе да му…

Двајца малолетници на возраст од 15 и…

Ужас во Македонија: 52-годишен маж полово вознемирувал…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.…

На дното кај Сицилија откриен римски брод…

На само неколку километри од брегот на…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е бледа копија на Заев,…

„СДС е во паника, а Венко Филипче…