Народна банка: Намалени краткорочните депозити, но кредитирањето продолжува да расте

t

Се изедначи долгот во кредити на граѓаните и компаниите. Заедно тие во банките должат вкупно 9,35 милијарди евра, а поединечно, само граѓаните должат 4,65 милијарди евра, исто толку должат и компаниите, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Само во април вкупниот долг на компаниите и граѓаните се зголемил за 1%. На годишно ниво, пак, забележан е вкупен раст од 13,3 отсто, со тоа што кај компаниите растот е од 15 проценти, а кај домаќинствата од 11,9 отсто.

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити. Во април во однос на претходниот месец потрошувачките кредити пораснале за 1,2%, а станбените за 1,3%. На годишно ниво растот е од фантастични 11,2% односно од 16,2%.

Во април, кредитите на домаќинствата остварија месечно и годишно зголемување од 1,0% и 11,9%, соодветно, под влијание на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

Овој месец, пак автомобилските кредити оствариле раст од 1,1% на месечна и од 4,9% на годишна основа, додека кај кредитите одобрени на кредитните картички забележано е месечно намалување од 0,5% и годишен пад од 4,6%. Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3% во април, во услови на годишен раст од 3,7отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Намалени краткорочните депозити, но кредитирањето…

Се изедначи долгот во кредити на граѓаните…

Растот ќе забави на 3,2 отсто: Еве…

Растот на домашниот бруто производ во Македонија…

Рубио: Систем за наплата на минување низ…

Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би…

СДСМ се повлече од расправата за заемот…

Пратеничката група на СДСМ, се повлекоа од…

Клековски: Само работодавачот Лукровски може да го…

„Само работодавачот може да го провери боледувањето…