Народот повеќе јаде и пие, а штеди на бензин

t

Продавниците што продаваат храна, пијалаци и цигари во април не само што направиле значајно поголем промет во номинален износ во однос на лани, туку и реалниот промет, кога ќе се изземе ефектот на инфлацијата, покажува дека повеќе се купувало. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека ставката Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17,3 проценти, а реално за 11,3 проценти.

Реално повеќе се купувале и разни други производи што не се храна, иако номинално имало пад на прометот. Трговија на мало со непрехранбени производи, освен гориво, номинално е намалена за 1,1 проценти, а реално е зголемена за 5,2 проценти, пресметаа статистичарите.

Растот на цената на нафтените деривати, топлото време и сè поизразените навики за возење велосипед, или тротинет, но веројатно и штедењата кај компаниите, довело до значајно намален промет во ставката Трговија на мало со автомобилски горива. Таму во април во однос на ланскиот април има реално опаѓање за 19,4 проценти, а номинално за 1,8 проценти.

Според Фискалната стратегија за 2027-2031 година, приватната потрошувачка се очекува да забележи раст од 2,3 проценти во 2026 година, при што влијанието на ценовните притисоци врз доходот на домаќинствата ќе биде неутрализирано со раст на платите, зголемените пензии, но и преку владините мерки за ублажување на ценовниот шок.

„Поволните движења кај приватната потрошувачка се очекува да продолжат во периодот од 2027 до 2031 година, за кога е предвиден просечен годишен раст од 2,6 проценти, поткрепено од очекувањата за натамошно подобрување на состојбата на пазарот на работната сила, стабилно ниво на дознаките и раст на расположливиот доход на домаќинствата“, пишува во Фискалната стратегија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народот повеќе јаде и пие, а штеди…

Продавниците што продаваат храна, пијалаци и цигари…

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари…

Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска…

Белата куќа ги негира медиумските извештаи за…

Белата куќа денес ги негираше медиумските извештаи…

Дали ќе се отпишат кредитите по затворањето…

Одлуката на Министерството за финансии да ѝ…

Страв од ширење на ебола во Африка:…

Во источна Африка, во 2026 година, расте…