Наставничката на Катја сведочеше во судот, Стојанче ја слушаше со плачење

t

Наставничката на шестгодишната Катја сведочи дека во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде учело девојчето имале сознание за семејното насилство во домот на детето. Таа вели дека тоа го дознала од мајката на Ивана, по што училишниот психолог дал насока да се следи ученичката.

„По неколку дена во училницата девојчињата играа игра и забележав дека при играта Катја падна на подот. Ја прашав дали играат некоја игра во смисла на драматизација на приказна. Катја рече дека така паќа мајка ѝ кога ја удира татко ѝ. Веднаш го известив психологот на училиштето и тој разговараше со Катја во нејзината канцеларија. Катја рекла дека нејзините родители се разделени, а таа е со нејзината мајка. Потоа психологот ја повика на разговор и Ивана и ја упатила каде да се обрати во случај на семејно насилство. Нам ни рече да внимаваме на Катја“, сведочеше наставничката.

Таа раскажуваше се што се случувало во периодот околу Нова Година и трите месеци до пред критичниот ден, односно втори март 2026. Вели дека обвинетиот Стојанче Јовановски еднаш отишол во училиштето и барал број од родител на ученик кој ја задевал Катја, но бројот не го добил по укажување дека институционално ќе го решат тоа.

„На почетокот во училиште кога ја учиме темата за моето семејство, Катја ја црташе само мајката на цртежите. Кога ја прашав зошто само мајката рече „јас сум со мама“.  Катја се однесуваше како и сите други деца, не покажуваше потиштеност, не покажуваше вознемиреност или затвореност. Беше отворена со сите ученици, изгледаше среќно, другаруваше со сите, па не помисливме дека нешто се случува во семејството. Нејзините цртежи како наставник ги оценувам како ведри, со убави бои, лицата на луѓето што ги црташе беа насмеани, сонцето насмеано. Пред Нова Година во училница влезе татко и на Катја каде не е дозволено да влегуваат родители, а Катја кога го виде се израдува, го однесе кон шкафчињата каде што и беа работите. Учениците беа околу нив и му дадоа комплимент дека е многу дотеран. По неколку минути влезе и Ивана и заедно си заминаа“, рече наставничката, а обвинетиот Стојанче Јовановски почна да плаче.

Наставничката кажа и дека пред Нова година, од бабата на Катја и било кажано дека таа и мајката Ивана се вратиле да живеат со Стојанче и дека е загрижена. На кобниот ден, на 2 март, во 13 и 30 Ивана дошла во училиштето и ја зела Катја по часот по физичко.

„Колешката рече дека секогаш кога мајка ѝ ќе ја земела Катја од училиштето таа била многу среќна, вклучително и тој ден кога се гушкале и се бакнувале“, кажа наставничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…

Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…

Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…