Не очекува студена недела со температури до -11 целзиусови степени

t

До крајот на седмицата во Македонија нè очекува стабилно и суво време, без врнежи. Иако утрата ќе останат студени, од среда температурите ќе почнат да растат.

Во котлините, особено во утринските часови, ќе има услови за појава на магла. Деновите ќе носат повеќе сончеви периоди, што ќе придонесе за благ пораст на дневните температури.

Времето утре (12 јануари) ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат до -11 степени, а максималните ќе достигнат до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде студено и променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурите ќе се движат од -9 до 3 степени.

Во текот на целата седмица ќе преовладува суво време, со постепено затоплување и појава на магла по котлините од среда натаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не очекува студена недела со температури до…

До крајот на седмицата во Македонија нè…

Непознат сторител исекол и украл бакарни кабли…

Непознат сторител исекол и одзел два бакарни…

Медведев: Ако Трамп не побрза, Гренланд може…

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп не побрза,…

Откако се нарече вршител на должноста претседател…

Со Венецуела управува легитимна влада со поддршка…

Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…

Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…