Не работи системот за јавни набавки – наводно се врши тековна надградба до вторник

t

Неколку дена системот за Јавни Набавки при Бирото за јавни набавки е во целосен прекин и тоа без никаква најава кон економските оператори.

Во момент кога се закажани многу отворања на тендери, објави, електронски аукции, прогласувања на одлуки – системот не функционира. Дополнително токму овој систем беше извор на неколку скандали и недомаќинско трошење на власта во изминатите неколку дена.

-Почитувани корисници,

Ве известуваме дека апликацијата е недостапна поради тековна надградба.

Апликацијата ќе биде повторно достапна на 01.04.2025 (вторник) во 07:00 часот. За јавните отворања закажани за 01.04.2025, согласно Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН, ќе биде продолжен рокот за поднесување на понудите – за што се известени договорните органи и економските оператори.

Ви благодариме на разбирањето, стои официјално на сајот на ЕСЈН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не работи системот за јавни набавки –…

Неколку дена системот за Јавни Набавки при…

ЕЦБ: Банките од еврозоната мора да се…

Банките од еврозоната се отпорни, но треба…

Вашингтон Пост: Трамп притиска да ескалираат зголемувањата…

Доналд Трамп ги повика своите врвни советници…

Путин претстави нова нуклеарна подморница – „Нејзините…

Претседателот Владимир Путин во четвртокот лансираше нова…

(Видео) Им изгоре куќата два дена пред…

Два дена пред празникот Бајрам семејството Алии…