Неколку полицајци од сообраќајна со верско лице ги осветувале возилата, заменик-министерот најавува казни за нив

t

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени јавно реагираше по објавените фотографии од осветување на службени полициски возила и објекти во кругот на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека станува збор за директно кршење на принципот на секуларна држава и на законите.

Исени потенцира дека прскањето со света вода од страна на верско лице врз службени возила и објекти во рамки на паркингот на МВР не може да се третира како приватен верски чин, туку како недозволиво мешање на религијата со државните институции.

Според него, настанот бил извршен од неколку припадници на една сообраќајна полициска единица, во соработка со верско лице, и не го претставува ниту официјалниот став, ниту институционалното дејствување на Министерството. Истовремено, случајот, како што наведува Исени, укажува на ниско ниво на професионална свест кај дел од полициските службеници. објави Скопје1.мк

Уставот на Република Северна Македонија, во член 19, јасно ја утврдува одвоеноста на верските заедници од државата. Законот за полиција бара целосна и безусловна неутралност“, посочува Исени.

Тој нагласува дека МВР е државна институција која мора да им служи на сите граѓани еднакво, без оглед на нивната верска припадност, и дека службените простории и средства не се сопственост на ниту една верска заедница и не смеат да се користат за верски ритуали или активности.

„Полицијата е во служба на сите граѓани и не смее да постапува со двојни стандарди“, наведува заменик-министерот.

Исени најавува дека, согласно внатрешните правилници на МВР, на одговорност ќе бидат повикани сите лица кои го организирале или дозволиле овој чин, оние кои не го спречиле неговото извршување, како и тие што овозможиле влез на верско лице во објектите на Министерството за вршење верски активности.

Според него, само преку доследна примена на законот и еднаквост пред него може да се врати довербата на граѓаните и на вработените во институцијата, објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку полицајци од сообраќајна со верско лице…

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени јавно…

Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во…

На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица…

Возач „летал“ со 188 километри на час…

На 05.01.2026 во 01:51  часот во Штип, полициски…

Приведен е 34-годишен маж од Тетовско –…

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го…